Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Атракции кои не смеете да ги пропуштите на овогодинешниот Баскерфест (ВИДЕО)

МК Сцена

Атракции кои не смеете да ги пропуштите на овогодинешниот Баскерфест (ВИДЕО)

На скопскиот плоштад „Македонија“ од 16-25 јуни, секојдневно ќе нѐ забавуваат баскер артисти од целиот свет, а ова се атракции кои не смеете да ги пропуштите.

Господин и госпоѓа Бабл – Нивниот настап е интерактивен, а публиката е поканета буквално да влезе во огромен меур од сапуница. Двајцата херои се одлични во правење магија со сапуница.

Барбароса – Енергија, живот, вибрации, звук! Бразилските перкусии се срцето на тоа што тие го работат. Комбинација од музика во живо и танц, која ќе ги разигра сите посетители.

The Vaudeville Circus – Разиграни и заносни, моќни и елегенатни, а притоа и неверојатно смешни. Кристофер и Оливија ве носат во светот на атлетиката, циркуските вештини и уметноста. Разиграното јаже по кое тие чекорат создава возбудлива атмосфера која ќе ве остави без здив.

Кристијан Бенито е надежен македонски илузионист и жонглер, омилен меѓу најмладите. Тој магично ја преобразува улицата во театар. Неговото шоу е составено од жонглирање и илузии зачинети со хумор.

Јаника Белиза – е перформанс уметник која го истражува движењето низ танц со обрач. Како професионален танчер со оган од 2005 година патува низ светот, создавајќи магија со своите необични настапи.

Линда Велар „Хипнозис“ – Ова не е обично улично шоу. Тоа е магична церемонија која потсетува на акробатика. Најсреќните во публиката ќе имаат привилегија да доживеат хипноза, која ќе им даде моќ да практикуваат акробатски позиции за кои не ни сонувале дека може да ги направат.

Списокот на забавни артисти кои ќе ни донесат радост на Баскерфест е долг. Од светски шампиони, до музичари кои свират фламенко музика. Оваа година на фестивалот ќе ве забавуваат околу 50 баскери и музичари, а како дел од музичката програма ќе се појават и неколку познати македонски бендови. За првпат оваа година со свое шоу ќе се престават и најмладите артисти од „Orange Kids Club”.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.