Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кога актер во воз ќе „стане“ терорист

Занимливости

Кога актер во воз ќе „стане“ терорист

Во тоалетот на еден француски брз воз на релација Марсеј – Париз, еден актер вежбал улога за филм на англиски јазик, што го вознемирило контролорот, кој во паника повикал полиција мислејќи дека станува збор за терорист.

Како што објави „Фигаро“, полицијата веднаш интервенирала и актерот бил уапсен на следната станица.

До инцидентот дошло кога 35-годишен актер одлучил да се изоллира од другите патници во возот и во мир да се „преслуша“ во тоаретот, повторувајќи го текстот за театарска претстава.

Сепак, кондуктерот наслушнувајќи ги зборовите „оружје“ и „пиштол“ на англиски јазик додека поминувал покрај тоалетот, се испаничил и повикал полиција.

– Во услови на зголемена опасност од тероризам и засилени мерки на безбедност, кондуктерот не сакал ништо да ризикува, изјави портпаролот на Француската национална желеница.

Возот по повикот од кондуктерот вонредно застанал на прбата следна станица во Валанс, каде веќе биле распоредени десетина полицајци, кои го уапсиле актерот и одвеле во полициска станица.

Откако се разјаснило за што станува збор, актерот бил ослободен, па со следниот воз го продолжил патот кон Париз.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.