Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонските фризери и стилисти ќе собираат пари за помош на Бубе „Ин“

МК Сцена

Македонските фризери и стилисти ќе собираат пари за помош на Бубе „Ин“

Македонски фризери и стилисти на 18 јуни (недела) ќе се обединат во „Музејот на современата уметност“ со една хумана цел, да соберат средства за лекувањето на македонскиот стилист Љупчо Петрушевски, познатот како Бубе „Ин“.

Настанот под мотото „Мајсторите за мајсторот“ ќе започне во 19 часот и замислен како двочасовно шоу на терасата на музејот, на кој публиката ќе има можност на несекојдневен начин да ужива во најновите трендови за фризури и шминка.

Посетителите ќе лицитираат и за неколку потпишани дресови од машкиот ракометен клуб „Вардар“, а по завршување на настанот предвидена е и хуманитарна забава.

Анастасија Ражнатовиќ ќе биде еден од моделите на фризерското шоу.

Сите собрани средства од овој спектакл ќе бидат наменети за лекувањето на Бубе „Ин“, за кое се потребни 20.000 евра.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.