Следи нѐ
To Top

БИЛЕТИ САМО ЗА НАЈСРЕЌНИТЕ: На Суперкупот во Скопје за само 15 евра!

Од денеска до 4 јули можете да аплицирате за билети за УЕФА Супер Куп кој на 8 август ќе се одржи на Телеком арената во Скопје.

Билетите за овој спектакл се достапни единствено преку сајтот UEFA.com, а сите заинтересирани можат да поднесат барање за билет пред крајниот рок, 4 јули до 14:00 часот.

реклама

Организаторите го лимитираат аплицирањето на најмногу четири билети по лице.

Инаку цените за овој натпревар се движат од 15 до 50 евра.

Продажбата не се врши врз основа на прв дојден – прв услужен, туку билетите ќе бидат доделени по случаен избор. Може да се аплицира во било кое време до затворање на линкот за апликација за билети.

Тоа значи дека сите апликации имаат еднаква шанса да бидат успешни. Доколку побарувачката е поголема од расположливите билети тогаш ќе има извлекување за распределба на билетите. Ждребот ќе биде извршен по завршување на периодот за аплицирање.

Секоја валидна апликација ќе биде внесена во системот без оглед на времето на поднесување во рамки на периодот за аплицирање.

Апликантите за билети ќе бидат известени преку електронска пошта дали нивната апликација е успешна најдоцна до 14 јули.

Исто така, ќе може да се провери статусот на апликацијата на линкот за аплицирање за билети со внесување на корисничко име и лозинка.

Билетите ќе бидат испратени по пошта најдоцна до крајот на јули. Плаќањето ќе може да се изврши само со платежна картичка.

Билетите не може да ги користи друго лице освен оној за кого се наменети.

Како и вообичаено навивачите и јавноста ќе имаат право на најголем број од билетите, до 75 проценти од капацитетот, односно 30.500 седишта (23.000 места за продажба).

Останатите 25 проценти ќе бидат доделени на локалниот организационен комитет, УЕФА, Европските фудбалски Федерации, комерцијалните партнери, радиодифузерите и носителите на телевизиските права.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.