Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најавено уште едно силно издание на „Скопје колинг“

МК Сцена

Најавено уште едно силно издание на „Скопје колинг“

Денеска на официјална прес конференција во иновативниот центар на Телеком, Авалон продукција го најави второто издание на фестивалот „Скопје колинг“, кое според организаторите е најсилното издание на фестивалот досега.

Денис Илиоски изјави дека по почетокот на фестивалот минатата година, кога ѕвезда на „Скопје колинг“ беше Давид Гета, и оваа година Скопје ќе биде домаќин на планетарно популарниот Мартин Гарикс.

Мартин Гарикс во ексклузивно интервју за Популарно.мк, изјави:

– „Скопје колинг ќе биде навистина голема забава! Ќе биде лудница, не се сомневајте! Ова е мое прво гостување во Скопје и морам да оставам добра импресија. Јас и мојот тим секогаш се трудиме да правиме спектакуларни шоуа, па се надевам дека моите фанови во Македонија ќе бидат задоволни и присутни во голем број“

ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА

Пред диџеј-сетот на Гарикс на „Скопје колинг“ ќе настапат хитмејкерите Џекс Џонс и Алекс Адаир, а од Македонија – Александар Галоски – еден од нашите најталентирани диџеи продуценти, како и младите и перспективни момчиња од Дуоз.

Тие рекоа дека очекуваат многу забава и добра музика и дека сѐ уште не им се верува дека ќе настапат во вечерта со светскиот дуџеј.

Инаку, „Скопје колинг“ на 20 јуни ќе го отворат Тивери корпорејшен.

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.