Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џастин Бибер одби да ја испее „Despacito“, па за малку ќе го погодеа в глава

Сцена

Џастин Бибер одби да ја испее „Despacito“, па за малку ќе го погодеа в глава

Канадскиот пејач Џастин Бибер ниже хит по хит, а последниот насловен „Despacito” ги соборува сите рекорди на слушаност.

Сепак, тој на неодамнешниот „Самербурст Фестивал“ во Стокхолм не сакаше да ја отпее таа песна, со образложение дека во тој момент го има заборавено текстот. Кусо потоа, нешто поприлично големо „полета“ кон неговата глава.

– Не ги знам зборовите, не можам да го пејам тоа, изјави пејачот, пред да се случи инцидентот.

Неидентификуваниот предмет очигледно го фрлил некој гневен обожавател кој не можел да се помири со тоа што неговата „летна химна“ ќе изостане од репертоарот.

Embed from Getty Images

За среќа, пејачот се тргна навреме, па избегна удар и посериозна повреда.

Ова е непримерен и неприфатлив потег на обожавателот, ако воопшто и можеме да го наречеме така. Но, овој настан исто така, според многумина, ја покажува и непочитта на пејачот кон своите фанови. Тоа сепак е моментно неговиот најголем хит.

Неколку дена претходно, исто така на настап во живо, го заборави делот од текстот на шпански, па почна да пее „бла бла бла”, што предизвика бурни негативни реакции од луѓето од шпанското говорно подрачје.

Песната оригинално му припаѓа на порториканскиот пејач Луис Фонси.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.