Следи нѐ
To Top

Баскерфест на скопскиот плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер со парада составена од сите учесници на фестивалот, Градскиот дувачки оркестар и од девојките од танцовиот клуб „Еурека“, што тргна од градскиот плоштад, се движеше по улица „Македонија“ и се врати на плоштад „Македонија“, почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо – Баскерфест 2017.

Баскер изведувачите, оркестарот и танчерките на овој начин ги поканија скопјани да излезат на улиците и да уживаат во возбудливите точки кои ќе може да ги гледаат во центарот на Скопје, се до 25 јуни.

реклама

Град Скопје е покровител на Манифестацијата „Баскерфест“, и на уличниот фестивал присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

На градскиот плоштад „Македонија“ во текот на 10 дена на трите поставени бини ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19 до 23 часот.

Баскерфест на скопскиот плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Има и детско катче за најмалите, каде што децата може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18:30 до 20 часот, а музичката програма ќе биде застапена секој ден од 22 до 01 часот.

Во рамките на Баскерфест има и пивска градина каде што посетителите може да се освежат во топлите летни денови.

Баскерфест на скопскиот плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На годинешниов отворен театар се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, дуито Мајсторот и Маргарита и други учесници.

Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, и започнувајќи од 2006 година Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал. БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Оваа традиција продолжува секоја година со се повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија,Боливија и други земји.

Баскерфест на скопскиот плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда за својата публика: десет дена целосно исполнeти со исклучително фестивалско искуство и слобода на сосема нов начин, атракција под отворено небо која преку ноќ го претвора Скопје во „street art“ град на забавата на речен Баскерфест.

Пред нас е големиот фестивал за целото семејство, кој ги поврзува луѓето од сите возрасти.

Баскерфест на скопскиот плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Градот Скопје изминативе 12 години е верен пријател на фестивалот и годинава неговата реализација ја поддржа со 1. 200. 000 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.