//
Следи нѐ
To Top

Кој е двојникот на Зоки Фаци? (ФОТО)

Често се случува да се препознаете сретнувајќи некој непознат и да помислите дека е некој друг.

Исто така, и помеѓу славните личности има луѓе коишто многу си личат, а таков е и случајот со македонскиот водител Зоран Василевски, познат во естрадата како Зоки Фаци, кој неодамна го пронашол својот двојник.

реклама

Станува збор за Мајлс Ричи, син на познатиот американски пејач Лајонел Ричи и брат на популарната манекенка Софија Ричи.

Инаку Мајлс ја добива својата слава откако таблоидите во Америка објавија дека е во врска со Кајли Џенер, младата сестра од кланот Кардашијан.

– „Ми напиша еден другар од Америка дека многу личам на некој американски мајстор за тетоважи. На почеток не му верував, но откако му ги видов фотографиите на Инстаграм ја забележав сличноста. Имаме сличен стил и навистина си личиме, само со една мала разлика, тој живее во Америка, јас во Македонија.“ – вели Зоки.

Дека сличноста помеѓу македонскиот водител и американскиот мајстор за тетоважи е навистина голема, сведочат и фотографиите кои специјално ги монтиравме во продолжение.

Од лево е фотографија на Зоки Фаци, додека од десно е неговиот двојник Мајлс.

Кој е двојникот на Зоки Фаци? (ФОТО)

Кој е двојникот на Зоки Фаци? (ФОТО)

Кој е двојникот на Зоки Фаци? (ФОТО)

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: