Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗДРАВО ТАРАВАРИ: Нова мобилна линија за директен контакт со министерот за здравство

Вести

ЗДРАВО ТАРАВАРИ: Нова мобилна линија за директен контакт со министерот за здравство

Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари преку мобилните апликации Viber и Whatsapp.

Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба, или пак за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство, изјави министерот Таравари.

Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку Viber и Whatsapp, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.