Поврзи се со нас

Популарно.мк

Промовиран спот и двоен албум на Јовица Мицевски Бамбус (ВИДЕО)

МК Сцена

Промовиран спот и двоен албум на Јовица Мицевски Бамбус (ВИДЕО)

Првиот двоен албум на Јовица Мицевски Бамбус беше промовиран денеска во „Скајбар“ во „Хотел Русија“.

Според авторот, „Скопје во сон“ и „Божја заповед“ споени во еден албум се две цедиња со различен стил. Едниот негува поп-фолк стил, а „Божја заповед“ – класична фолк македонска музика.

За насловната песна веќе е снимено и видео, а тоа всушност говори за податокот дека Мицевски сериозно работи на проектот кој треба да значи едно ново поглавје во неговата долгогодишна музичка кариера.

Видеозаписот е работен со Арт студио, а кадрите се снимени на неколку интересени локации низ главниот град. Дел се снимени на кровот на Градскиот трговски центар, потоа низ уличките по централното градско подрачје и на Видиковец на Водно

– На албумите работев 3-4 години. Имам еминентни текстописци и автори кои работеа со мене на албумот. На публиката оставам да одлучи во кој правец да продолжам. Во зависност од тоа што повеќе ќе им се допадне, ќе видиме во која насока ќе се движи мојата кариера. Има песни во кои секој би се пронашол, песните од „Божја заповед“ пеат за боемскиот живот. Од сѐ по малку е опфатено – вели Јовица.

Тој веќе 17 години активно се занимава со музика, свирки, фестивали. Албумот е дело на „Бокс продукција“ на Борче Нечовски и Дејан Момироски, кои се и автори на дел од текстовите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.