Следи нѐ
To Top

Разиграно Скопје на „Тивери корпорејшн“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со настапот на познатиот американски бенд „Тивери корпорејшн“ вчеравечер на стадионот АРМ започна второто издание на фестивалот „Скопје колинг“ во организација на Авалон продукција.

„Тивери корпорејшн“ во Скопје дојдоа во комплетен состав, а на сцената беа поголем број на музичари.

реклама

Секако, неизоставен дел од настапот беше и уникатната сценска продукција која го збогати визуелното искуство на присутната публика, но и начинот на кој организаторите го декорирале просторот на стадионот на АРМ, кој како што велат тие, наликувал на град во градот.

Вечерта започна со кумановскиот бенд „Кара“ кои ја имаа честа да го отворат овогодинешното издание на фестивалот, но и ја подготвија публиката за музичкиот омнибус од звуци од различни жанрови кои ги подготвуваше „Тивери корпорејшн“.

Следни на бината се појавија музичарите на „Тивери корпорејшн“ кои со своите реге и танц звуци, го претставија нивниот последен албум „Д Темпл оф Ај енд Ај“, што беше вистинско уживање за бројната публика која еуфорично играше на нивните звуци.

Разиграно Скопје на „Тивери корпорејшн“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Инаку, фестивалот „Скопје колинг“ продолжува во петок, за кога е закажан настапот на главниот хедлајнер, број еден диџејот Мартин Гарикс.

Гарикс во ексклузивно интервју за Популарно.мк изјави:

– „Скопје колинг ќе биде навистина голема забава! Ќе биде лудница, не се сомневајте! Ова е мое прво гостување во Скопје и морам да оставам добра импресија. Јас и мојот тим секогаш се трудиме да правиме спектакуларни шоуа, па се надевам дека моите фанови во Македонија ќе бидат задоволни и присутни во голем број.“

ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈ ГО ТУКА

Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ објективот на нашиот фоторепортер Драган Тануровски:

Tanurovski-6805Tanurovski-6811Tanurovski-6823Tanurovski-6839Tanurovski-6845Tanurovski-6856Tanurovski-6880Tanurovski-6874Tanurovski-6864Tanurovski-6862
<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.