Поврзи се со нас

Популарно.мк

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Занимливости

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолонаследникот, принцот Чарлс и покојната принцеза Дијана, призна денеска дека во еден период размислувал да се повлече од кралското семејство.

Во интервју за неделникот „Меил он Сандеј“ Хари изјави дека размислувал и да се откаже од титулата што му следува според раѓањето и да стане само обичен, британски граѓанин.

– Сепак, на крајот решив да останам и да ја задржам и понатаму улогата што ми припаѓа, посочи 32-годишниот принц.

Хари е петиот во редот на претендентите на британскиот престол, по татко му, постариот брат, принцот Вилијам и неговите две деца – Џорџ и Шарлот.

Во интервјуто тој признава дека престојот и работата во редовите на британската армија бил периодот на „најдоброто бегство кое било кога го направил“.

Младиот принц два пати, во сосема кусо време во разговори за два весника – американскиот неделник „Њузвик“ и сега британскиот, проконзервативен весник „Меил“ зборува за своите дилеми како дел од кралското семејство, но и за неговата улога и позиција во општеството.

Хари инсистира дека кралското семејство не сака да биде група од познати и популарни лица во јавноста, туку дека сакаат и настојуваат нивната улога (во општествто) да биде за општото добро на луѓето.

Десет години принцот Хари беше во редовите на армијата, а на два пати на служба во Авганистан, во базата „Бастион“ во провинцијата Хелманд, една од најопасните во оваа средноазиска земја.

Мораше да се повлече од базата и службата во Авганистан, откако медиумите открија дека еден од членовите на посадите на хеликоптерите „Апачи“ е британскиот принц.

Во неделникот „Њузвик“ Хари минатата недела тврдеше дека никој од семејството не е во трка за британскиот трон, забележувајќи дека „никој не сака да биде крал или кралица“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.