//
Следи нѐ
To Top

Листа на најпопуларни тури и атракции за 2017 година

„Трип Адвајсер“ објави листа на атракции и тури кои најмногу се резервирани за оваа година, на која на прво место е посета на Ватикан. 

Листата е направена врз основ ана резервации кои се извршени од јануари 2016 година, па е пресметано кои се најпопуларни атракции.

реклама

Патниците искажале најголем интерес за Музејот во Ватикан, Базиликата „Св. Петар“ и „Сикстинската капела“. Во текот на тричасовна посета тие имаат можност да го истражат Ватикан во помали групи.

На второ место е античкиот Рим и Колосеумот, а потоа посета на цел Рим со автобус.

Крстарењето по реката во Чикаго е на четврто место, додека на петто место повторно е посета на Ватикан, „Сикстинската капела“ и Базиликата „Св. Петар, на тура која трае половина ден.

На листата се и Светската опсерваторија во Њујорк, Големиот кањон и посета на Лас Вегас, Емпаер Стејт Билдинг во центарот на Менхетен, посета на Базиликата „Саграда Фамилија“ во Барселона и на крај посета на кулата Бурџ Калифа во Дубаи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајуни 27, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајуни 27, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајуни 27, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: