Следи нѐ
To Top

Над 150 моторџии од словенските земји учествуваат во проектот „Славјански свет“ на Ноќните волци

Над 150 моторџии од мото клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. Нивната мисија, која ќе трае 20 дена, почна од Нитра Словачка, информираа денеска на прес конференција од македонскиот мото клуб Ноќни волци.

– „Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто не можат да го направат тоа и другите луѓе.“, објаснуваат од Ноќни волци.

реклама

Моторџиите ќе поминат 3500 км, а симбол на маршутата им се словенските просветители Св. Кирил и Методиј, објаснува русинот Евгениј Страгов кој додава дека во секоја земја се подаруваат и разменуваат икони од светци.

– „Симбол на нашиот проект се Св. Кирил и Методиј. Писменоста почнува од Охрид и се шири низ славјанските земји. Задоволство е што сум во светиот град Охрид и не случајно е организиран пресот од страна на рускиот конзулат и Ленин Јовановски тука, токму во Охрид – лулка на словенската писменост, за да ја испратите пораката за обединување на Словените и православието.“, напоменува Страгов.

Над 150 моторџии од словенските земји учествуваат во проектот „Славјански свет“ на Ноќните волци

Во моторџискиот марш учествуваа моторџии од клубови од Русија, Бугарија, Словачка, Бугарија,Србија Република Српска, Македонија. Проектот „Славјански свет“ има поддршка од руското министерство за надворешни работи и руската Православна црква.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.