Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Охрид повторно земјотрес – 3,7 степени по Рихтер

Вести

Во Охрид повторно земјотрес – 3,7 степени по Рихтер

Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтеровата скала ноќеска во 3:54 часот повторно е регистриран во охридското епицентрално подрачје. 

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил 6 километри источно од Охрид на длабочина од 6 километри.

Најсилниот земјотрес во Oхридско е почуствуван вчера претпладне во 11:39 часот со магнидута од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето беа слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.