Поврзи се со нас

Популарно.мк

ОВА ЛЕТО ЌЕ СЕ ПАМТИ: Лозано со видеоспот за неговиот најнов хит (ВИДЕО)

МК Сцена

ОВА ЛЕТО ЌЕ СЕ ПАМТИ: Лозано со видеоспот за неговиот најнов хит (ВИДЕО)

„Ова лето ќе се памти“ – е најновиот летен хит на еден од нашите најпознати пејачи – Влатко Лозаноски.

Песната е веќе неколку недели на врвот од топ-листите на радиостаниците низ земјава и несомнено е дека уште долго време ќе остане така…

А, очекувано, Лозано и овој пат не го промени тимот на соработници.

Како автори на оваа песна се потпишува братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски. Не за бадијала велат: Тимот кој што победува, не се менува…

– Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава … “Ова лето ќе се памти” им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика – вели Лозано.

Песната пред неколку дена го доби и својот видеозапис кој го изработи Бојан Тасетовиќ и неговиот тим од „Веста продукција“.

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.