Следи нѐ
To Top

РОБИН ШУЛЦ: „Поканете ме, сакам повторно да настапувам во Македонија!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Популарно.мк со уште една ексклузива!

Мегапопуларниот германски диџеј Робин Шулц кој оваа година настапува на надалеку прочуената „Денс арена“ на фестивалот Егзит во Нови Сад во ексклузивно интервју за нашиот медиум ги открива деталите поврзани со утрешниот настап кој сите посетители на тврдината го очекуваат.

реклама

Интересно е тоа што Шулц требаше да има свој настап на фестивалот минатата година, но поради здравствени причини неговиот диџеј сет беше откажан неколку часа пред појавувањето на бината на „Денс арена“.

– „Многу се разболев минатата година, тоа беа најлошите денови изминатото лето! Ми беше навистина криво што не успеав да дојдам на Егзит, но имав многу висока температура и грозница. Слушнав дека многу луѓе биле разочарани, но тоа ме мотивира дупла повеќе за да направам одлична забава годинава“ – вели 30-годишниот диџеј.

За „Денс арената“ оваа година се сними и специјален документарен филм во кој беше наречена глобален феномен токму поради атрактивниот изглед и невообичаената локација на која се наоѓа на Петроварадинската тврдина, и тоа ја прави навистина посакувано место помеѓу светски познатите артисти.

РОБИН ШУЛЦ: „Поканете ме, сакам повторно да настапувам во Македонија!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Го прашавме Робин, дали и за него „Денс арената“ претставува предизвик?

– „Слушнав многу добри работи за Егзит! Медиумите и луѓето зборуваат дека тоа е најдобриот фестивал во Европа, а можеби и во светот. Навистина сум љубопитен и едвај чекам да настапам на „Денс арената“ и како што и претходно кажав, годинава сум дупло мотивиран за добра забава!“ – вели тој.

Инаку Робин Шулц го најави новиот албум кој се очекува да биде објавен на крајот од оваа година, па го прашавме дали ќе слушнеме од новиот материјал на „Егзит“?

– „Да, секако! Ќе слушнете многу нови песни и траки и некои изненадувања кои ги подготвувам специјално за фестивалот“ – кратко одговори Шулц.

РОБИН ШУЛЦ: „Поканете ме, сакам повторно да настапувам во Македонија!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Македонската публика уживаше во настапот на овој популарен диџеј минатата година, на првото издание на фестивалот „Скопје колинг“, каде настапи на сцената заедно со Дејвид Гета и Ера Истрефи.

– „Многу ми се допадна енергијата на настапот и на публиката во Скопје. Секогаш сакам да настапувам со мојот пријател Дејвид. Зашто не ме поканите повторно да гостувам во Македонија?“ – дополни Роберт.

Освен најавениот албум, Шулц неодамна го објави и новиот сингл „ОК“ со Џејмс Блант. Го прашавме како се случи оваа невообичаена соработка?

– „Го запознав Џејмс пред две години во Ибица, каде што тој и живее. Навистина се спријателивме и можам да кажам дека тој е еден од најдобрите и најкул луѓе кои некогаш сум ги запознам. Долго време го работев „ОК“ со Џемјс, но сега кога е конечно објавен се радувам на позитивните реакции кај моите фанови и публиката!“ – одговори тој.

За крај нѐ интересираше дали има некоја соработка со светски познат артист која посакува да му се оствари, на што тој одговори дека не ги одбира соработките според популарноста на артиста, туку според гласот.

– „Има навистина многу луѓе со кои би сакал да соработувам. Поголем дел од нив се одлични вокали или композитори за кои јавноста никогаш не ни слушнала! Преферирам добри гласови, отколку популарност кај пејачите“ – за крај изјаво Роберт.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад за да го проследи настапот на Робин Шулц на „Денс арената“ од каде ќе ве известиме со ексклузивна фотогалерија и видеорепортажа од атмосферата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.