Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДОЖД ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА: „Јиарс енд јиарс“ ја разиграа Петроварадинската тврдина

Музика

ДОЖД ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА: „Јиарс енд јиарс“ ја разиграа Петроварадинската тврдина

Дождот кој вечерта заврна во Нови Сад беше само освежување по топлиот ден и причина плус за добра забава на тврдината на вториот ден од фестивалското лудило наречено Егзит.

Главната фестивалска бина беше во знакот на британските изведувачи. Прв на сцената настапуваше инди рок музичарот и текстописец Џејк Баг, а по него и хедлајнерите на вечерта, бендот „Јиарс енд јиарс“ кои со својот енергичен настап го оправдаа епитетот за најзначајна поп група на денешницата.

Тактовите на песната „Take a Shelter“ ја натера присутната публика да пее во глас. Во текот на првите песни почна да врне дожд, но тоа на никого не му претставуваше проблем, туку напротив освежување по топлиот ден.

Пејачот ја поздрави 50.000 публика со зборовите „Здраво Егзит, морам да ви признаат дека сте навистина луди“, што насмеа многу и беше најава за еден од најголемите хитови на овој бој бенд од Англија, песната „Shine“.

Кулминацијата на настапот беше со изведбата на познатиот сингл „King“.

Сепак, главната забава се одвиваше на таканаречената „Денс арена“ на која настапуваше популарниот диџеј Соломун заедно со диџејот Диксон, кои минатата година беа во листата на најдобри 5 диџеи во светот.

Звукот на традиционалните инструменти на трубачкиот оркестар и другите електронски инструменти беа главна атракција на таканаречената „Фјужн бина“ на кој настапуваше Дејан Петровиќ, што ја направи една од најатратвните бини на вечерта, а на истата бина настапи и македонскиот бенд Визија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.