Поврзи се со нас

Популарно.мк

ФИНАЛЕ НА ЕГЗИТ: Ултимативно шоу со Хардвел и преку 215.000 посетители на тврдината (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музика

ФИНАЛЕ НА ЕГЗИТ: Ултимативно шоу со Хардвел и преку 215.000 посетители на тврдината (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После пет дена и ноќи, најдобриот европски музички фестивал Егзит и официјално го запиша својот нов рекорд на посетители, односно оваа година низ капиите на Петроварадинската тврдина минале преку 215.000 луѓе.

Овогодинешното издание ќе биде запаметено по нултиот ден кој оваа година беше новитет на Егзит, но и новиот спектакуларен дизајн на надалеку прочуената Денс арена, за кој стигнаа пофалби од сите артисти.

Спектакуларната завршница на петдневното лудило наречено Егзит беше означено со настапот на Нина Кравиц која ги затвори портите на тврдината утринава во 8 часот која доби аплауз и овации поголеми и од оние на главната бина.

Откако што дојде ден порано и ги изненади сите присутни, главната бина синоќа ја освои неверојатниот Рег енд боун мен и само уште еднаш го потврди статусот на најголема и најрастечка соул ѕвезда во светот. Ги испеа своите нови песни, но и хитовите кои сите дојдоа да ги слушнат „Skin“ и „Human“.

За финале на главната бина – голема журка! По примерот на големиот Дејвид Гета кој минатата година ги затвори настапите на „меин стејџот“, оваа година ултимативно шоу направи хит диџејот Хардвел, кој оваа година гостува и во Македонија, на фестивалот „Охрид колинг“.

Настапот на Хардвел беше проследен со спектакуларен огномет.

Екипата на Популарно.мк заминува од Нови Сад со полна мемориска картичка од интервјуа и фотографии, видеорепортажи и известувања кои ќе ви ги проследиме во текот на неделата.

До следниот Егзит фестивал!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.