Поврзи се со нас

Популарно.мк

Десет години Пиволенд: Јубилејно издание на фестивалот кој ќе трае шест дена

МК Сцена

Десет години Пиволенд: Јубилејно издание на фестивалот кој ќе трае шест дена

Оваа година, Пиволенд, прославува 10 години од своето постоење.

Првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд се одржа во 2008-ма година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009 година, имаше околу 150 000 посетители, а последните неколку години, бројката се зголеми за неколку пати.

Денеска Пиволенд, израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје.

Традиционално и оваа година, локацијата на Пиволенд ќе биде скопското Кале, а фестивалот започнува на 07 август (понеделник) и ќе трае се до 12-ти август(сабота).

Посетителите ги очекува многу добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.

Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.

Пиволенд 2017 – Дојди Види Испиј!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.