Следи нѐ
To Top

МАКЕДОНЦИТЕ „ВИЗИЈА“: „Големо искуство е да се настапува на Егзит!“ (ВИДЕО)

И Македонија имаше свој претставник на музичкиот фестивал „Егзит“, тоа беше скопскиот бенд „Визија“ кои настапија на овој голем музички фестивал на таканаречената „Фјужн“ бина, а екипата на Популарно.мк како промотер на македонската музика и еден од ретките медиуми кои известуваа од фестивалот, направи интервју со младите момчиња од овој скопски состав.

Навидум скромната историја на нивниот бенд, сепак има голема приказна. Тие можат да се пофалат со голем број на успеси и настапи на големи регионални фестивали, а интересно е тоа што оригиналниот бенд започнува како средношколски бенд од гимназијата „Корчагин“, за потоа со проширен состав да се формира бендот „Визија“ кој изминатата недела имавме можност да го слушнеме на „Егзит“.

реклама

– „Почнавме во 2011 година, претходно со басистката Лиле свирев во друг бенд, а со Марко се познавав и од порано, па еден ден се собравме во гаража и интересно е тоа што никој од нив не се познаваше меѓу себе, само јас ги познавав нив, па така започнавме да свириме, направивме една песна и забележавме дека постои некоја хемија во нашиот бенд“ – вели Марко Џамбазоски од групата „Визија“.

МАКЕДОНЦИТЕ „ВИЗИЈА“: „Големо искуство е да се настапува на Егзит!“ (ВИДЕО)

Првиот настап го имале на фестивалот „Т’к так фест“ во Кавадарци, а потоа и на поголеми фестивали од регионот како „Гитаријада Зајачар“, „Јелен Демофест“ во Бања Лука, „Таксират“ во Скопје, а најголем успех им е настапот на „Егзит“.

– „Дури и на некој мал настап да свириш е искуство, а секако на Егзит е големо искуство!“ – додава Марко.

Тие велат дека се навистина задоволни од настапот на „Фјужн“ бината:

– „На бината се опуштивме, многу ретко такви моменти сме имале на нашите настапи, се чувствуваме како да можеме да правиме сѐ што сакаме! Имавме интересна и добра публика која ни даде одлична енергија и како што би се рекло навистина ни се направи меракот на настапот.“ – дополнува Марко Гапо, вокал во „Визија“.

Целосното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.