Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се е подготвено за „Лав енд хепинес“ во Охрид

МК Сцена

Се е подготвено за „Лав енд хепинес“ во Охрид

До јубилејното 10. по ред издание на фестивалот „Love and happiness“, закажано на 22 јули на најубавата охридска плажа Градиште остана уште малку. 

Во моментов во тек се последните подготовки за маратонската журка – во чии рамки може да очекувате забава на три плажи, светски и домашни диџеј имиња, пена забава, огномет… и уште неколку изненадувања!

Германскиот диџеј и продуцент Том Крафт, Електрик Јуниверз, Том Боксер и Морена, како и Бушава азбука, Бранчез, Навигатор, Дејан Доги и Сателит, кои ќе бидат домашна поддршка на настанот, е нашиот музички избор за 10. јубилејно издание на фестивалот “Love and happiness”.

Фестивалот ќе се случува на сите три плажи, односно Градиште 1, 2 и 3, а освен одлична музика за посетителите се предвидени и пена забава, огномет… Журките на сите три плажи стартуваат во 21 часот.

Она што треба да се знае е дека билетите во претпродажба чинат 400 денари, додека на врата на денот на одржување на фестивалот се речиси двојно поскапи, односно ќе чинат 600 денари. 

Бројот на билетите кои се пуштени во претпродажба е ограничен – затоа побрзајте!

Местата на кои можете да набавите влезници се – преку мрежата на Купикартизасе, станица Стража (ново место за одмор на превојот Стража, кој нуди вистинско уживање за сите кои сакаат да земат здив од патувањето од Скопје до Охрид и обратно), плажата Градиште, Острово – Свети Наум и ланџ бар Ноа во Охрид.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.