Следи нѐ
To Top

НАГРАДНА ИГРА НА ФЕСТИВАЛОТ: Испратете селфи и освојте ја маскотата на „Пивофест“

Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција, не го криеше своето задоволство за првата фестивалска вечер.

– „Имавме прекрасна вечер, се надевам дека сите се забавуваа, една прекрасна атмосфера, многу позитивна енергија и оваа втора вечер продолжува забавата со големите музички имиња како што се: Don Minott & Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ, кој денеска е присутен со нас“.

реклама

– „Мило ми е што сум денеска овде. Вечерва ќе ги свириме сите оние најубави песни што ги имам пеано, се разбира зедно со Вас. Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде“, посочи Ален Исламовиќ.

Шармантната и сексипилна водителка Марјана, ја најави новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените ќе имаат можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и да добијат една голема маскота мајмун.

Заинтересираните треба да ги испраќаат своите фотографии во inbox на facebook страницата Pivofestival.mk.

Се очекува втората вечер од овој фестивал да донесе уште поголемо присуство на гости, а потврдата за тоа се многуте млади кампери кои веќе се стационирани и ги уживаат сите бенефити на бесплатното кампинг сместување на Могилата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.