Поврзи се со нас

Популарно.мк

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН „ПИВОФЕСТ“: Прилепчани полудеа по „Амадеус бенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН „ПИВОФЕСТ“: Прилепчани полудеа по „Амадеус бенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Прилеп вчеравечер официјално беше прогласен стартот на четиридневниот фестивал на пивото, скарата и добрата музика, „Пивофест 2017“.

Интересно е тоа што оваа година градот е исполнет со домашни, но и странски гости од регионот.

15-то јубилејно издание започна со бендот „Ај кју“ кои беа само вовед во забавата која вечерта ги очекуваше прилепчани пред фестивалската бина.

– „Секогаш е убаво да се настапува на фестивал каде се промовира македонската музика“ – накратко изјавија од „Ај кју“.

Следуваа „Психомодо Поп“ кои со познатите хитови направија одлична атмосфера пред „Амадеус бенд“ кои публиката со нетрпение ги очекуваше.

Кулминацијата на вечерта беше изведбата на, познатите за публиката, хитови „Лажу те”, “Моја земја”, “Није свеједно”, „Изнад колена”, а нивниот настап беше збогатен и со сплет од македонски народни мелоси, но и патриотски песни.

– „Дојдовме во Прилеп за да направиме убава атмосфера, да испиеме многу пиво и да испееме многу хитови. Знам дека нашата музика е многу слушана во Македонија и очекувам дека ќе биде голема забава!“ – изјави Бојан Ташиќ од „Амадеус бенд“.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата во градот под Марковите кули:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.