//
Следи нѐ
To Top

ДОЈРАН ПРЕПОЛН: Импозантно отворање на „Д Фестивал“ со најпозитивната атмосфера досега!

Д ФЕСТИВАЛ синоќа официјално ја започна новата фестивалска авантура во Дојран, која уште со својата прва фестивалска вечер потврди дека деновиве сме дел од најголемото и најмасовното издание на Фестивалот досега и тоа исполнето со неверојатно позитивна енергија, како никогаш досега.

Илјадници посетители на Фестивалот пристигнаа и ги заземаа своите камперски места во распродадениот фестивалски камп уште ден пред почетокот на Фестивалот, а од тогаш нови фестивалџии постојано пристигнуваат. Сместувачкиот капацитет во Дојран е исто така исполнет до својот максимум и веќе неколку дена речиси да е невозможно да се најде слободно место.

реклама

ДОЈРАН ПРЕПОЛН: Импозантно отворање на „Д Фестивал“ со најпозитивната атмосфера досега!

Повеќе од 10.000 посетители на Д ФЕСТИВАЛ веќе ја создаваат единствената фестивалска авантура во Македонија на која програмата вчера започна со првата панел-дискусија „Meet the Parents“ на која говрници беа организаторите на Д Фестивал, а на нивната средба со посетителите се дискутираше за сите аспекти од организирањето на Д Фестивал и во најпријатно дружење беа споделени желбите и искуствата кога се вакви настани во прашање.

Музичката програма започна со првиот концерт во Church Stage каде што AMPLIDYNE EFFECT и VEDIS создадоа магична концертна атмосфера, за потоа таа да продолжи со отворањето на Mosquito Stage – најголемата бина во фестивалкиот камп која овој ден беше резервирана за фановите на најжестокиот гитарски звук претставен како D-XTREME stage во соработка со Terrorvoid Promotions и експлозивните настапи на претставниците на метал-музиката SINISTER, SHOCK TROOPERS, TRENDKILL и SHELL SHOCK.

ДОЈРАН ПРЕПОЛН: Импозантно отворање на „Д Фестивал“ со најпозитивната атмосфера досега!

Во меѓувреме, додека дел од првите кампери веќе го содзадоа својот дом за наредните три дена и ги пречекувавме оние кои допрва ги поставуваа своите шатори, посетителите во текот на целиот ден уживаа и во различните работилници, изложби и рекреативни зони.

Вечерта, очекувано сите посетители се упатија кон главната бина на Д ФЕСТИВАЛ на која имавме чест во најдобрата атмосфера да уживаме во одличните концертни настапи на RONI SIZE, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, S.A.R.S., ДА ЏАКА НАКОТ и FUNK SHUI! Подиумот пред главната бина беше целосно исполнет со повеќе од 10.000 весели и еуфорични фестивалџии кои создадоа најпозитивна атмосфера за одбележување на почетокот на Фестивалот и покрај дождот кој претходно во ноќта го зафати Дојран, но кој се чинеше немоќен да делува врз импресивното доживување туку само дополнително „налеа“ свежина кај прекрасно расположената публика.

ДОЈРАН ПРЕПОЛН: Импозантно отворање на „Д Фестивал“ со најпозитивната атмосфера досега!

Програмата на првиот фестивалски ден продолжи сѐ до утрото на LakeAwake бината, а нејзиното преземање оваа вечер од страна на TRAP DA FUCK UP екипата, беше отворање на оваа програма на најдобар можен начин, со полна ерупција кон 3 часот по полноќ.

И по едвај неколку часа по дочекот на ова утро на LakeAwake, програмата на Д ФЕСТИВАЛ денеска веќе се одвива во полн ек со Фестивалските предизвици кои ги носат случувањата во ПлоштАРТ зоната. Пред нас е саботната вечер на Д ФЕСТИВАЛ, која се очекува да биде и уште повозбудлива со пречекот на новите посетители кои пристигнуваат од сите делови од Македонија и секако ѕвездите на Д Фестивал кои ќе се претстават со своите настапи на петте фестивалски сцени: RUDIMENTAL DJ, KOOP OSCAR ORCHESTRA, TERAKAFT, DJ NIKIFOR, THE BLACK AND VICE SOCIAL CLUB на главната бина; THE LOCAL BLUE, SWEET RAPSCALLIONS, THE PLANKTONS, ДИВИЗИЈА, CONTACT 59 на Mosquito Stage; САМОИЛ РАДИНСКИ, ДЕНИ ТРАЈКОВ, DEJAN DEX, FIRMA на LakeAwake бината; АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ и ЕМИЛИЈА СЛАВКОВСКА во Church Stage.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: