Поврзи се со нас

Популарно.мк

Збогум Лондонско око – Дубаи гради најголемо тркало во светот (ВИДЕО)

Магазин

Збогум Лондонско око – Дубаи гради најголемо тркало во светот (ВИДЕО)

Амбициозниот проект на Дубаи да го изгради најголемото панорамско тркало во светот се повеќе се доближува до реализацијата со оглед на тоа дека е изграденa повеќе од половина од планираната конструкција.

Со 204 метри висина, тркалото ќе го надмине не само познатото „Лондонско око“, туку и моменталниот рекорд – 167 метри високо тркало во Лас Вегас во Невада.

Кога ќе биде завршена во 2018 година, новата атракција наеднаш ќе може да прими 1.400 посетители во 48 капсули, кои ги изработи компанијата „Хјундаи“. Капсулите ќе бидат климатизирани и ќе имаат дрвени подови и модерни клупи.

За изградба на овие џиновски градби ќе бидат потрошени вкупно 9.000 тони челик, што е повеќе отколку што содржи Ајфеловата кула во Париз, а „Окото“ ќе тежи отприлика колку осум Ербас авиони А380с.

Во центарот на тркалото ќе се наоѓа огромен ЛЕД екран, кој ќе прикажува реклами, јави „Дејли Мејл“.

Автор на проектот е компанијата „Меерас“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.