Следи нѐ
To Top

Пожарите во околината Сплит ги гаснат 384 пожарникари со 102 возила

На подрачјата зафатени од пожарите околу Сплит се разпоредени 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила од 21 станица, а до седум часот полетаа три канадери, соопшти Жупанискиот противпожарникарен оперативен центар во Сплит.

И покрај бројните пожарникари, сезонци, војници и граѓани, пожарите во Сплит и во околината од синоќа ги гаснат и припадниците на навивачката група Торцида, а од денеска ќе им се придружат и навивачите од Загреб, Ријека и од Осијек.

реклама

Ветерот престана да дува и се претпоставува дека во текот на денешниот ден огнот би можел да биде ставен под контрола.

Небото над Сплит се уште е сиво, а во воздухот има прилично пепел поради што отежнато се дише.

Според првичните процени во пожарите на потегот од Омиш до Сплит изгореле 4.500 хектари густа борова и ниско стеблеста шума, трева и маслинови насади, а пожарникарите примиле над 5.000 повици од вознемирени граѓани.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна владина седница утрово посочи дека можно е Загреб да побара меѓународна помош за справување со огнената стихија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Балкан

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.