Поврзи се со нас

Популарно.мк

Манекенка уапсена во Саудиска Арабија поради носење мини здолниште (ВИДЕО)

Видео

Манекенка уапсена во Саудиска Арабија поради носење мини здолниште (ВИДЕО)

Саудиската полиција ја уапси манекенката Хулуд затоа што се фотографирала во мини здолниште и кратка маица.

Манекенката предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи во Саудиска Арабија, откако беше објавно видео на кое таа се шета и позира на историската тврдина Ушајагер, облечена во кусо здолниште, кратка маица и патики.

Полицијата во Ријад издаде налог за нејзино апсење поради „непочитување и кршење на парваилата на Исламот“.

Саудиската државна телевизија јави дека девојката е уапсена под обвинение за „недолично облекување“.

Жените во Саудиска Арабија, без разлика дали се странски државјанки или Саудијки, треба да носат широки наметки кои ја прекриваат облеката.

Манекенката на снимката шета по напуштената историска тврдина во Ушајагер, село северно од Ријад во регионот Наџд, од каде потекнуваат некои од најконзервативните семејства во Саудиска Арабија. Снимката предизвика жестоки коментари на социјалните мрежи.

„Луѓето кои не ги почитуват правилата на Кралството ,е заслужуваат да живеат во него“, „Ова не е нејзина лична слобода“, „Очигледно дека сакаа да провоцира“ и „Ги прекрши правилата и сега мора да биде казнета“, се само некои од коментарите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.