Поврзи се со нас

Популарно.мк

Две лица загинаа и 120 се повредени во силен земјотрес во Егејското Море

Вести

Две лица загинаа и 120 се повредени во силен земјотрес во Егејското Море

Две лица загинаа, а најмалку 120 се повредени во силен земјотрес што ги погоди грчките острови во југоисточниот дел на Егејското Море. 

Неименуван претставник на болницата на островот Кос наведе дека две странски лица се загинати при удар со камења од стара зграда, што се урнала во земјотресот. Градоначалникот на Кос Јоргос Киритас потврди дека загинатите се странци.

Земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геофизички институт, додека Опсерваторијата во Атина наведе дека тој бил со јачина од шест степени, а други грчки преставници тврдат оти неговиот интензитет бил со 6,5 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 10 километри југоисточно од крајбрежниот турски град Бодрум, а на 16,2 километри источно од грчкиот остров Кос.

Освен на грчките острови, земјотресот бил почувствуван силно и на западното крајбрежје на Турција, претежно во Бодрум, пренесува БТА.

Грчкиот државен секретар одговорен за трговската флота Нектариос Санторинос соошти дека се повредени 120 лица, и дека на островот се направени големи материјални штети. Кон Кос се испратени два хеликоптери, кои повредените оттаму ги пренесуваат на островот Родос.

На Родос, луѓето раскажуваат дека потресот бил многу силен и дека траел долго.

Во Бодрум пукнатини се појавиле на голем број згради, а болницата во градот беше евакуирана како превентивна мерка, наведуваат турски медиуми.

Очевидци на островот Кос раскажуваат дека по потресот морето се подигнало пред нивни очи, а властите предупредија за опасност од мало цунами.

Надојдените морски води поплавија крајбрежен пат и делови од главниот град на островот Кос. Морето исфрли на патот чамец, а неколку автомобили се удрија еден во друг, како резултат на мини цунамито.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.