Поврзи се со нас

Популарно.мк

Се самоуби пејачот на Линкин Парк

Музика

Се самоуби пејачот на Линкин Парк

Пејачот на групата „Линкин Парк“ Честер Бенингтон изврши самоубиство во својата куќа во Лос Анџелес. Тој имаше 41 година. 

Неговото тело беше пронајдено вчера, околу девет часот по локално време.

Според наводите на сајтот ТМЗ, Бенингтон се обесил.

Пејачот со години се мачеше со злоупотреба на дрога и алкохол, а во минатото во повеќе наврати изјави дека размислувал за самоубиство, бидејќи кога бил момче, бил злоставуван од постар маж.

Бенингтон го изврши самоубиството на денот на роденденот на Крис Корнел, пејачот кој неодамна се уби. Тој и Бенингтон беа блиски пријатели, а покојниот пејач на „Линкин Парк“ напиша отворено писмо на денот на самоубиството на Корнел, наведува ТМЗ.

Зад себе остави жена и шест деца.

Линкин Парк стана познат со песните Faint, In the end, Crowling и многу други.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.