Следи нѐ
To Top

Заев ја потпиша Мостарската повелба за мир и ја прими наградата „Мostar Peace Connection“

Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ синоќа во Мостар на македонскиот премиер Зоран Заев му ја врачи наградата „Мostar Peace Connection“ како благодарност за придонесот за воспоставување регионална соработка. 

На свеченоста „Мостар не ги заборава своите пријатели 2017“ по повод 13-годишнината од обновувањето на Стариот мост во Мостар, премиерот Заев ја потпиша и Повелбата за мир.

реклама

Заев изрази благодарност за наградата и истакна дека му е голема чест што ја потпиша Мостарската повелба за мир. Стариот мост во Мостар, додаде Заев, претставува симбол на мирот, на меѓурелигиската и меѓуетничката соработка, како и на соработката во регионот.

– Минатото беше сурово за сите нас, но знам дека од неа сите извлековме поуки. Драго ми е што има лидери во нашиот регион кои гледаат кон иднината, знаат да подадат рака и да соработуваат бидејќи само заедничката соработка може да биде гаранција за подобра иднина на нашите народи, рече Заев.

Завиздиќ, пак, истакна дека Мостар со векови претставува место на средба на луже од различни религии и погледи на светот.

– Ова е место кое и покрај премрежињата низ кои помина, успеа да го зачува мултиетничкито карактер и да биде клучен симбол за цела БиХ за иден мир, соживот и добра соработка межу луѓето, како и остварување на најзначната цел – да станеме дел од големото европско семејство, изјави Звиздиќ.

Годинашни добитници на наградата „Mostar Peace Connection“ се и Роберт Гилбард, американски дипломат и поранешен пратеник на претседателот Бил Клинтон за Блаканот, Кристијан Портман, поранешен директор на Светската банка кој помогна во обновата на Мостарскиот мост, како и Џереми Браун, новинар на Би-Би-Си, а постхумно и Роберт Фровик и Тадеуш Мазовјецки.

Со потпишувањето и примањето на Повелбара, македонскиот премиер и владината деклегација ја завршија дводневната посета на Босна и Херцеговина и серијата средби со највисоките претставници на таа земја.

Заев вчера попладен во придржубна на Денис Звиздиќ го посетио и положи цвеќе на спомен обележјето во Роптимље каде што загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

– Претседателот Борис Трајковски беше миротворец. Овде сме да изразиме почит кон она за што тој се заложуваше, а тоа е мир, меѓусебно почитување, соработка и стабилност, по што сите копнеат. Тоа е и пораката што ја испраќаме со нашето заедничко присуство овде, тоа се вредностите зад кои што и ние стоиме, рече премиерот Заев, во изјавата за медиумите.

Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ порача дека заедно со премиерот Заев испраќаат значајна порака за регионот.

– Тоа се нашето меѓусебно разбирање, респект и почит, со што ќе ја завиваме натамошната соработка“, рече претседавачот Звиздиќ.

На спомен обележјето во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље, цвеќе положија и оддадоа почит и министрите од владината делегација од Македонија, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за економија Бектеши Крешник, за култура Роберт Алаѓозовски и за дијаспора Едмонд Адеми.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.