fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светски познатиот режисер Роберт Вилсон ќе работи во МНТ

МК Сцена

Светски познатиот режисер Роберт Вилсон ќе работи во МНТ

Едно од најголемите имиња на светскиот театар, американскиот режисер Роберт Вилсон ќе ја постави светската премиера на драмското дело “Кој е сопственик на светот” од македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Во реализацијата на овој меѓународен проект ќе учествуваат, покрај сцената на уметничкиот центар на Вилсон – Вотермил, што се наоѓа на Лонг ајленд – Њујорк и повеќе светски и европски театри.

Во Европа, главни партнери на реализацијата на претставата ќе бидат уметничката фондација Национален театар и опера од Монако и Македонскиот народен театар.

Меѓу уметничките соработници на Вилсон покрај шест актери од МНТ, кои ќе бидат одредени на аудиција, ќе учествуваат и композиторот Горан Трајкоски и скулпторот Жарко Башески.

Премиерата се предвидува во сезоната 2018/2019, а претставата ќе има изведби на повеќе сцени во САД и во Европа. Светската премиера на овој меѓународен проект ќе биде на сцената на Македонскиот народен театар.

Во овој голем проект ќе бидат вклучени исклучително врвни соработници и уметници, меѓу кои се асистентот на режисерот Ен Кристин Ромен, сценографката Марија Детеста и костимографот Карлос Сото.

Роберт Вилсон со експерименталниот театар го гради неговиот препознатливиот стил како режисер и драматург, кој медиумите го опишуваат како “непрефинетиот авангарден”театар” во светот. Во текот на неговата раскошна кариера, работел како кореограф, изведувач, сликар, скулптор, видео-артист и дизајнер на звук и осветлување. Тој е познат по своите соработки со Филип Глас на Ајнштајн на плажа и со бројни други уметници, меѓу кои и Хајнер Милер, Вилијам С. Бароуз, Ален Гинзберг, Лу Рид, Том Вејтс, Дејвид Брн, Лори Андерсон, Гевин Бриарс, Руф Вајнрајт, Марина Абрамович, Вилем Дафо, Михаил Баришников, Даррил Пинкни и Лејди Гага.

За Македонскиот народен театар соработката со овој врвен режисер е од исклучителна важност, и претставува еден од најзначајните проекти во неговото постоење.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.