Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗДРАВО, ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА: Луда забава со Афроџек на отворањето на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

фото: стојан стојановски

МК Сцена

ЗДРАВО, ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА: Луда забава со Афроџек на отворањето на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Охрид колинг“ втора година по ред го докажува својот бренд и квалитет кој го понуди пред охриѓани, но и многуте гости од регионот и Европа.

Спектакуларно беше отворено овогодинешното издание на фестивалот, на кој главни хедлајнери се Афроџек, кој настапуваше вчера, и мегапопуларниот диџеј Хардвел кој ќе настапува на денешната кулминација на „Охрид колинг“.

Забавата на „Билјанини извори“ вчеравечер започна со македонското диџеј дуо „Дуоз“ кои претставуваа најава за диџеј сетот на специјалниот гостин на вечерта, 23-годишниот диџеј Равитез чиј талент за музиката бил всушност откриен од страна на Афроџек, па поради тоа и настапува заедно со него на неговата турнеја.

Сепак, настапот кој неколкуилјадната публика со нетрпение го очекуваше беше холанѓанецот Афроџек кој ја поздрави публиката со зборовите „Здраво, здраво Македонија!“.

Впрочем публиката во Охрид имаше ретка можност да го слушне истиот тој диџеј сет на овој светски познат артист со кој настапуваше на легендарниот фестивал на електронска музика „Тумороуленд“, од каде и пристигна Афроџек директно во Охрид.

Целото шоу, кое изгледаше светски на досега најголемата бина поставена од постоењето на овој фестивал, беше збогатено со пиротехнички ефекти, ласери и конфети кои го одземаат здивот.

– „Македонија, ова е мој првпат во вашата земја, но вие сте едноставно луди! Ви благодарам за лудата вечер“ – изјави диџејот.

Афроџек дури два пати го продолжи сетот на барање на публиката и замина од бината на „Охрид колинг“ со голем аплауз и овации.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.