//
Следи нѐ
To Top

Илјадници тиркизни лагуни среде бела пустина (ФОТО)

Сезоната на дождови во бразилскиот Национален парк Ленсојс Маранјенисис е мошне тешка. Од јануари до јуни секоја година има многу силни бури, но пустината потоа се претвора во вистински рај.

Од јули до септември секоја година откако дождовите ќе се смират, во Ленсојс Маранјенисис (на португалски „чаршавите на Марањаоа“) може да се најдат илјадници тиркизни лагуни и бели песочни „плажи“.

реклама

Илјадници тиркизни лагуни среде бела пустина (ФОТО)

Иако оваа област која зазема повеќе од 1.000 квадратни километри мошне потсетува на пустина поради обилните врнежи од дожд кои ги има во сезоната на дождови не се класифицира така.

Некои „базени“ со вода долги се и до 300 метри, а водата понекогаш достигнува и 30 степени Целзиусови, па туристите тука обожуваат да се капат.

Илјадници тиркизни лагуни среде бела пустина (ФОТО)

По септември базените исчезнуваат и зад себе оставаат пустош – се до следната година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: