Следи нѐ
To Top

Активни неколку шумски пожари, вклучени авионите на ДЗС

Пожарот во скопското село Моране, општина Студеничани, се уште е активен. Во гасењето се вклучени 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, делува еден хеликоптер и авиони на Дирекцијата.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се е уште е активен пожарот во атарот на селото Требовље, кој сега е префрлен во месноста викана Фојник и оди кон село Близанско. Пожарот е на отворен простор, а запалена е сува трева и лисната постилка од борова шума. Во гасењето се ангажирани 45 лица.

реклама

Кон селата Калуѓерец и Могилец гори сува трева и нискостеблесна шума. Пожарот го гасат 28 лица и тој зафатил две стари куќи.

Во скопското село Радуша гори нискостеблесна шума. Пожарот оди преку сртот кон селото Бојане, општина Сарај. На терен е Територијалната противпожарна единица со две возила.

Во општина Чашка, на планински предел во селата Лисец и Јаболчиште активни се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На планинскиот предел во селото Дреново, Велешко, активен е шумски пожар на непристапен терен за гасење.

Кај селото Копанце, Тетовско, гори сува трева по сртот на планината Жеден и не е зафатена шума. На терен се ангажирани лица од Територијалната противпожарна единица.

Во атарот на село Гургурница гори сува трева и пасишта, но постои можност да зафати и дел од високата шума. Пожарот е дојден од страна на Македонски Брод и горат пасишта. Пожарот се шири кон селото Корито, општина Гостивар. На терен се ангажирани лица од Територијалната противпожарна единица.

ДЗС информира дека под контрола се ставени неколку пожари. Ставен е под контрола пожарот во атарот на село Девич, месноста викана Попец. Пожарот, кој беше на отворен простор, зафати сува трева и ниско стеблеста шума со 10 хектари.

Под контрола е ставен и пожарот во селото Растеж, каде беше запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.

Под контрола е шумскиот пожар во селото Богомила, општина Чашка. Ангажирани се осум вработени и авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на вчерашниот ден, како што соопшти ДЗС, изгасени се пожарите во Ресен и во Кратово.

Во гасењето на пожарот во атарот на село Јанковец, Ресен, во непосредна близина на манастирот „Св.Богородица“ биле ангажирани 86 лица. Пожарот зафатил три хектари дабова шума и сува трева.

Во атарот на село Трновац, Кратово, била запалена сува трева и нискостеблеста шума на два хектари.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека е во состојба на зголемена будност.

– Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент, доколку има потреба, да ангажираат тимови за брз одговор за гасење пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, се вели во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.