Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џастин Бибер бара духовно просветлување во црквата Хилсонг

Музика

Џастин Бибер бара духовно просветлување во црквата Хилсонг

Сите знаат за опседнатоста на Том Круз со Сајнтологијата, поради што наводно пропаднаа и неговите врски со Никол Кидман и Кејти Холмс.

Но, според некои таблоиди и Џастин Бибер веројатно тргнал по неговите стапки, но овој пат не е во прашање Сајнтологија, туку црквата Хилсонг, чие заштитно лице стана младиот канадски пејач.

Шпекулациите почнаа откако Џастин неодамна ја шокира јавноста со одлуката да ја прекине турнејата „Purpose“, а обожавателите веднаш почнаа да ја бараат причината за тоа. Освен разочараните фанови, Бибер ги разочара и луѓето кои работеа на турнејата, кои преку ноќ останаа без работа, а за сето дознале од медиумите.

Џастин веднаш почнал со одбрана дека грижата за екипата не е негова работа, а голем број странски медиуми пишуваа дека на таквата одлука на пејачот влијаела – црквата. По прецизно, се работи за Хилсонг црквата и нејзиниот водач Карл Ленци, каде пејачот „пронајде духовно просветлување“.

Дел од медиумите сметаат дека овој потег би можел сериозно да и наштети на неговата кариера и ја обвинија Црквата, на што реагираше нејзин претставник.

– Црквата не влијаеше на Џастин. Тој самииот одлучи да ја прекине турнејата затоа што моментно се наоѓа на духовно патување, барање на својата душа и пат по кој треба да оди во животот, соопшти претставникот на Црква.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.