Поврзи се со нас

Популарно.мк

ДЗС: Активни пожари во Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше

Вести

ДЗС: Активни пожари во Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше.  Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во содејство и координација со „Македонски шуми“, како и месно население.

Во Општина Чашка пожарот е кај селото Богомила, месноста викана Бела Вода и Урбанци, село Дреново. Пожарот е на непристапен терен за гасење. Ангажирани се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и тој е локализиран. Авионите се упатени во селото Таор каде гори мешана шума.

Кај Македонски Брод  пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.

Во Општина Маврово-Ростуше регистриран е нов пожар на планината Бистра каде гори трева и смрека. На терен се лица од ЈП „Лопушник“.

Како што соопшти ДСЗ, изгаснати се пожарите кај кумановските села Проевце, Орашец, Слупчане и Умни Дол, во беровско кај месноста Копан Поток, Маџила, село Будинарци и Кочански Рид, село Владимирово. Изгаснати се и пожарите кај гостиварската населба Грудеица и село Јеловце, охридското село Мраморец и неготинското село Челевец.

Од  7 часот авионите делувале на потегот Чашка, село Лисец и село Јаболчиште и тоа во четири налети. Во овој момент делуваат во село Богомила, Бела Вода, два авиона.

Заклучно со вчерашниот ден, според ДСЗ, авионите вкупно имале 295 налети со 837 тони вода. Хеликоптерите се ангажирани во селото Дреново, кај месноста Урбанци.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.