Поврзи се со нас

Популарно.мк

Од утре посебен сообраќаен и пешачки режим во близина на стадионот

Вести

Од утре посебен сообраќаен и пешачки режим во близина на стадионот

Поради суперкупот на УЕФА, закажан за 8 август на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од утре ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од утре во 08 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 9 август на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)  и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.