//
Следи нѐ
To Top

ЖОЗЕ МУРИЊО: Манчестер Јунајтед неподготвени за пеколните температури во Скопје

Манчестер јунајтед е подготвен да му се спротивстави на европскиот првак Реал Мадрид на утрешниот Суперкуп во Скопје. 

Жозе Мурињо од прес-конференцијата во Скопје најави дека неговиот Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го совлада европскиот шампион Реал Мадрид во Суперкуп соочувањето, но најважно е да се ужива во натпреварот на кој често не може да се учествува.

реклама
ЖОЗЕ МУРИЊО: Манчестер Јунајтед неподготвени за пеколните температури во Скопје

Фото: Курир

Сепак, жештината во Скопје ќе биде главниот проблем на „црвените ѓаволи“.

– Знаев дека времето ќе биде вакво и откако се вративме од САД, решив да тренираме во Манчестер во 16 часот, но врнеше секој ден. Сакав да ја почувствуваат жештината, но врнеше постојано. Знам дека и Реал тренирал на пожешко време, веројатно се подобро подготвени за вакви услови, но сепак мора да играме и да уживаме во специјалниот момент. Не се игра често во Супер купот освен ако не сте Реал или Барселона и мора да уживаме во моментот, без разлика на времето. Се надевам дека и судијата Роки ќе дозволи паузи за фудбалерите да се освежат, -дополни „специјалниот“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: