Следи нѐ
To Top

Реал Мадрид пристигнаа во Скопје (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион, екипата на Реал Мадрид на пладне пристигна на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и се упати кон нашиот главен град.

Избраниците на Зинедин Зидан доаѓаат на европскиот Суперкуп во полн состав, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, кој започна со тренинзи пред само два дена.

реклама

Според извори блиску до клубот, Португалецот не сакал да го пропушти утрешниот натпревар против својата поранешна екипа, Манчестер Јунајтед, па инсистирал да биде дел од тимот.

„Кралевите“ се благи фаворити на утрешниот Суперкуп и сакаат да ја одбранат титулата освоена минатата година против Севиља.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.