//
Следи нѐ
To Top

Ривалите со еднакви очекувања за освојување на Супер купот на УЕФА

Победниците на Лигата на шампионите и Лига Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се подготвени за претстојниот меч во УЕФА Супер купот што вечерва се игра на Арената во Скопје.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека првата ѕвезда на „кралскиот клуб“, Кристиано Роналдо е подготвен да игра, но колку ќе биде решено пред мечот.

реклама

– Да, Роналдо има малку тренинзи пред овој натпревар, но подготвен е да игра. Јасно е дека не залудно го носиме во Македонија. Штом е тука со нас, значи дека е подготвен да игра, а дали ќе настапи од првата минута ќе видиме утре. Најважно во овој момент е дека е тука со нас, а тоа е огромно значење за тимот, истакна тренерот на Реал вчера на средбата со новинарите.

Нагласи дела имаат фудбалери кои не се заморени од победување и се гладни за успеси. – Огромен мотив носат и да стигнат до трофејот во Супер купот. Ќе играме наша игра со отворена желба за победа. Тоа е нашата цел по која дојдовме во Скопје, рече Зидан.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо првпат е во Македонија и се надева дека нашиот главен град ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера.

– Ние, ќе се обидеме да победиме, но јасно е дека има разлика меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа. Тешко е да се освои Лига Европа бидејќи има многу натпревари, патувања, а мотивацијата не е толку голема бидејќи не претставува „Елдорадо“ за фудбалерите. Најголемиот квалитет е во Лигата на шампионите, кога играте во ЛШ тука се најдобрите тимови во Европа и играте против нив, сепак ние веруваме дека е можно да победиме, изјави вчера Мурињо на официјалната прес-конференција пред тренингот на „црвените ѓаволи“.

Португалецот откри дека се обидел да го адаптира својот тим на жешкото време во Скопје бидејќи знаеле каква температура ги очекува. Сепак, сметките му ги расипале дождовите во Манчестер.

– Знаев дека времето ќе биде вакво и откако се вративме од САД, решив да тренираме во Манчестер во 16 часот, но врнеше секој ден. Сакав да ја почувствуваат жештината, но врнеше постојано. Знам дека и Реал тренирал на пожешко време, веројатно се подобро подготвени за вакви услови, но сепак мора да играме и да уживаме во специјалниот момент. Не се игра често во Супер купот освен ако не сте Реал или Барселона и мора да уживаме во моментот, без разлика на времето. Се надевам дека и судијата Роки ќе дозволи паузи за фудбалерите да се освежат, дополни Португалецот.

Манчестер Јунајтед на трофејот од Супер купот на Европа чека 26 години откако во 1991 година ја победи белградска Црвен Звезда.

Супер финалето започнува вечерва на Телеком Арената во 20:45 минути.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: