Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Музика

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Пивскиот фестивал „Пиволенд“ кој по шест дена требаше да заврши вчера, го откри изненадувањето за своите посетители  – организира уште една, екстра вечер.

На 10-тиот фестивал на пивото вечерва ќе настапат Елвис блуз трио, Рингтонс и за крај – македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Организаторите се задоволни од изминатите шест фестивалски дена (7-12 август) кои, како што известуваат, поминале во одлична атмосфера.

–  Скопје докажа дека знае да се забавува и сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест дена посетителите до последно место ја наполнија скопската тврдина, а вечерва е подарок за сите љубители на пивото и добрата музика, соопштија организаторите на „Пиволенд“.

Последниот фестивалски ден ќе почне во 20 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.