Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонија во јуни ја посетиле 84.778 туристи

Вести

Македонија во јуни ја посетиле 84.778 туристи

Во Македонија во јуни годинава имало 84.778 туристи кои оствариле 197.016 ноќевања, што е за 18,1 отсто повеќе туристи и за 14,6 отсто повеќе ноќевања во споредба со минатогодишниот јуни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни година е зголемен за 4,1 отсто во однос на јуни 2016 година, додека бројот на странските туристи пораснал за 24 отсто. Домашните туристи оствариле за 8,1, а странските за 18,2 отсто повеќе ноќевања.

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 12,6 отсто во однос на истиот период од минатата година, при што кај домашните туристи има зголемување за 11,4, а кај странските за 13,1 отсто.

Во овој период бројот на ноќевања е зголемен за 12,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 9,7, а кај странските  за 14,3 отсто.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.