//
Следи нѐ
To Top

Ултимативна забава со „Д Чеинсмоукерс“ на фестивалот Сигет во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Американското диџеј дуо „Д Чеинсмоукерс“ ја запалија атмосферата на петтиот фестивалски ден на Островот на слободата.

Просторот пред главната бина беше претесен за да ја собере 90.000 публика која дојде да се забавува на можеби најјакиот фестивалски ден на Сигет.

реклама

Ултимативна забава со „Д Чеинсмоукерс“ на фестивалот Сигет во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Специјални ВИП гости на нивниот настап беа и познатиот американски пар Ештон Кучер и Мила Кунис кои веќе неколку месеци работно претстојуваат во Будимпешта.

Тие се инаку фанови на музиката на американското диџеј дуо и досега се видени на повеќе нивни концертни настапи.

Ултимативна забава со „Д Чеинсмоукерс“ на фестивалот Сигет во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Програмата на главната бина започна со настапот на британците „Хуртс“, а продолжи со роденденската забава за 25 роденден на фестивалот Сигет.

Ултимативна забава со „Д Чеинсмоукерс“ на фестивалот Сигет во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На Телеком стејџот, пак, главен хедлајнер беше познатиот диџеј Стив Аоки.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотогалеријата:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: