//
Следи нѐ
To Top

Македонска пошта од денеска овозможува следење на пратките нарачани преку интернет

Македонска пошта ангажирајќи се за задоволството на своите корисници да биде на највисоко ниво ја реализира најавената новина во своето работење.

Пратките од интернет нарачка кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не обврзува на тоа.

реклама

– „Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата веќе можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб страната www.posta.com.mk

Со ова ќе ја зголемиме сигурноста на овие поштенски пратки и со високо изразена транспарентност ќе ги елиминираме сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет нарачка во Македонска пошта. Остануваме и понатаму на страната на нашите корисници и ги охрабруваме за сите дилеми или незадоволства да не контактираат директно или преку доставување на онлајн рекламации на веб страната на Македонска пошта.“ – стои во соопштението.

Македонска пошта од денеска овозможува следење на пратките нарачани преку интернет

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: