Поврзи се со нас

Популарно.мк

Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар – Фенербахче

Вести

Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар – Фенербахче

Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар – Фенербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот.

Од 14 часот часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта III“, на потегот од крстосницата со „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ до фудалскиот стадион. На стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Попладне ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на соораќајниците и на паркинг просторите околу стадионот.

Полицијата апелира сите учесници во соораќајот да ги почитуваат соораќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.