Следи нѐ
To Top

АРМ одбележува 25 години од формирањето

Армијата на Република Македонија денеска одбележува 25 години од формирањето. 

На централната свеченост вечер во 19 часот на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, во присуство на претставници од АРМ, државни институции, локални самоуправи, амбасади, граѓански здруженија…ќе се обратат претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

реклама

Претседателот Иванов со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Командата за обука и доктрини, Баталјонот за почести и Четвртиот механизиран пешадиски батајлон на Армијата на Република Македонија. Орденот за воени заслуги се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни рамки.

На почетокот на централната прослава од касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна стрелба со испалување 10 плотуни од артилериски орудиа.

На централната свеченост и престојат низа активности. На градските гробишта во Бутел во Скопје повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров  и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На воениот стадион во Градски парк во Скопје, пак, од девет до 19 часот, ќе биде поставена целодневна изложба на борбени средства, техника и воена опрема на АРМ. Во текот на изложбата ќе бидат изведени и показни вежби од страна на припадниците на полкот за специјални намени, баталјонот за почести и центарот за обука и дресура на кучиња.

Во армиските гарнизони ќе се одржат воени свечености проследени со тактичко технички збор на вооружување и опрема на единиците. Пред зградата на МО и ГШ на АРМ ќе се одржи и свечен собир на вработените и ќе биде положено  цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година. На свеченоста ќе бидат прочитани и наредбите за унапредените, наградените и пофалени припадници на ГШ на АРМ и МО, а пред стројот обраќање ќе има министерката за одбрана.

На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, беше формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација  на НОВ на Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за  роденден на АРМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.