Поврзи се со нас

Популарно.мк

БИЗНИС ИНСАЈДЕР ОТКРИВА: Колку часа спијат најуспешните луѓе во светот?

Занимливости

БИЗНИС ИНСАЈДЕР ОТКРИВА: Колку часа спијат најуспешните луѓе во светот?

Научниците до сега со многу истражување се обидувале да докажат дека недостигот на сон влијае на успехот и дека за напредување во работата многу е важно да се биде одморен и сконцентриран. 

Иако е проценето дека во просек сонот треба да трае седум и пол часа, тоа е индивидуална работа.

Познато е дека многу успешни луѓе доцна одат на спиење и стануваат пред сите, сепак има и такви кои ја истакнуваат важноста на сонот.

Бизнис Инсајдер направи листа на 15 успешни луѓе според бројот на часови кои ги поминуваат во спиење.

Најмалку време во спиење поминува американскиот претседател Доналд Трамп (3-4 часа), потоа германската канцеларка Ангела Меркел (4 часа), по неа на листата е американската бизнисменка Марта Стјуарт и извршната директорка на компанијата Пепси Индра Ноји, кои спијат исто така 4 часа.

Четири до шест часа во спиење поминува директорот на Твитер Џек Дорси, пет до шест Ричард Бренсон и Тереза Меј, шест часа Илон Маск, Тим Амстронг и папата Франциск.

Важност на сонот придаваат Далај Лама (7 часа), Аријана Хафингтон (7-8 часа), шефот на Амазон Џеф Безос и Џенифер Лопез (8 часа). Од наведените 15 успешни луѓе познати во светот, глумецот Метју Меконахи спие осум и пол часа.

Врз основа на оваа листа се чини дека сонот не е толку важен фактор кога успехот е во прашање, но да веруваме на експертите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.