Следи нѐ
To Top

Од 1 септември двосменско работење во градинките

Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот.

реклама

Како што рече Царовска, Министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосмеснкото работење.

– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната, соодветна грижа од јавите установи. Ако во некоја општина има потреба само едно дете да оди втора смена, градинката тоа ќе треба да го организира и реализира зашто е од интерес на граѓаните, напомена Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.

Таму каде што градинките ќе проценат дека нема потреба, втора смена нема да се воведе. Јавните установи, пак, кои имаат повеќе просторни услови за сместување деца, работата во втора смена може да ја организираат во еден или неколку објекти, согласно потребите на децата и родителите.

– До сите градинки денеска испративме информација дека од 1 септември годинава треба да ја применуваат одлуката за двосменско работење. Двосменското работење досега се имплементирало само во четири општини, а сега ќе бидат вкупно десет со оглед дека потреба од воведување втора смена констатирале и Гевгелија, Кочани, Радовиш, Охрид, Тетово и Прилеп, истакна Царовска.

Според неа, претходната влада погрешно и без план инвестирала во градинките. – Мора да бидеме правични и да им овозоможиме предучилишно образование на сите деца, од сите општини. Кадровски градинките се во лоши услови, не им биле давани вработувања, многу повеќе се вработувало во државна администрација. Ние ќе инвестираме и ќе дозволиме вработувања во градинки, ќе го поттикнуваме тоа. Не може да зголемуваме опфат на деца и да отвораме нови градинки, а да нема вработувања, истакна министерката.

Дополни и дека општините мора да учествуваат во развојот и унапредувањето на стандардите, квалитетот и вработените во градинките.

– Прироитет ни е да имаме што повеќе деца во предучилишно образование, од три шест години, но секако и помалите треба да одат во градинка, потенцира Царовска.

Првичните проценки на Министерството за труд се дека најпрво, мал ќе биде бројот на деца што ќе одат втора смена во градинките, но се очекува реорганизирање на градинките, зависно потребите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Земјотрес утрово почувствуван во Велес

    Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка сакала денеска е почуствуван во Велес и околината. реклама

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
  • Најстудено во Битола минус осум степени

    Најниска температура од минус осум степени утрово се измерени во Битола, минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во...

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
  • Снег во Крушево, Маврово и Лазарополе

    Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата...

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.