Следи нѐ
To Top

Пад на температурата, врнежи и грмежи од понеделник

Позначителна промена на времето со засилен ветер, пад на температурата за околу десет степени, локален пороен дожд и грмежи, најавува УХМР од понеделник. 

Утре ќе биде претежно сончево и топло, а така ќе биде и во недела, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, облачноста ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.

реклама

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови од земјата на некои места се можни поинтензивни врнежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне што ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Според УХМР, од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамки на просекот за овој период од годината.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Земјотрес утрово почувствуван во Велес

    Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка сакала денеска е почуствуван во Велес и околината. реклама

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
  • Најстудено во Битола минус осум степени

    Најниска температура од минус осум степени утрово се измерени во Битола, минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во...

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
  • Снег во Крушево, Маврово и Лазарополе

    Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата...

    Информативна Редакцијаавгуст 18, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.